Тренчевска не очекува да се утврди минималната пензија до крајот на месецов, комплексно е прашањето

Тренчевска-не-очекува-да-се-утврди-минималната-пензија-до-крајот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На утвдување на минималната пензија се работи, но до крајот на месецот министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска не очекува решение. По посетата на домот на културата во Ѓорче Петров денес, таа извести дека  за минималната пензија ќе треба да се почека.


„Се работи на едно системско решение за предлог-одредби за утврдување на минимална пензија. Не очекувам дека многу бргу, дека до крајот на овој месец, ќе се донесе некакво решение затоа што сепак е едно комплексно прашање со кое се регулира минималната пензија“, рече министерката Тренчевска.

За разлика од утврдувањето на минимална пензија, пензионерите со минимални пензии и ранливите категории нема многу да чекаат за новите мерки за помош. Министерката Тренчевска очекува до крајот на неделава да бидат донесени од страна на Владата. Рече дека со нив ќе бидат опфатени поголем број пензионери и граѓани од ранливи категории, но не сака да кажува детали се додека не биде објавена одлука. Извесно е дека граѓаните кои ќе бидат опфатени со новите мерки ќе добиваат месечна поддршка, а колку време ќе ја добиваат ќе прецизира одлуката на Влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK