Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Биљал Касами, градоначалникот на Тетово. На средбата се разговараше за детската заштита и важноста од проширување на капацитетите на постоечките градинки како и изградба на нови со цел згрижување на што повеќе деца во градинките и овозможување правилен раст и развој.
„Градоначалникот, претставниците на Општина Тетово и министерката ги разгледаа потребните чекори за завршување на изградениот објект – клон на градинката „Младост“ во Тетово финансиран од Европската Унија.
Тренчевска истакна на средбата дека изградбата на нови градинки е од особена важност за да се опфатат и вклучат што поголем број на деца во предучилишното образование“, се наведува во соопштението на МТСП.