Традиционален планинарски марш до Водно

gir_34534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Европското движење денеска го организира традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето.







Пред седиштето на ЕУ, како што е најавено, ќе се изврши размена на македонското и европското знаме со традиционално и симболично значење. Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на Европската Унија ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.

На планинарскиот марш се очекува да се приклучат бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

Освен церемонијалниот карактер, оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои во Македонија би требало да бидат значително поразвиени, од тоа што се во овој момент, поради планинскиот карактер на нашата држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK