Тошковски: Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата

pance-Toskovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека Управниот суд поништил уште две незаконски одлуки на Владата со кои беа поништени решенија донесени од негова страна.

„Едната пресуда се однесува на одлука со која беше поништено решение со кое се откажува договорот за вработување на работник во МВР на позицијата командир на ПО Ропотово, додека другата пресуда е за акт со кој до Советот на Општина Демир Хисар од моја страна е доставена листа на кандидати за избор на командир согласно Законот за внатрешни работи“, вели Тошковски и додава:

„Управниот суд со пресудите и овој пат утврди дека за тоа дали предметните решенија уредуваат правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, единствено надлежна да одлучува е Државната изборна комисија, а не Владата“

Како што истакнува, со донесените пресуди Управниот суд уште еднаш го потврдил фактот дека сите решенија донесени од негова страна се во согласност со позитивните законси прописи, а Владата со нивното поништување постапила спротивно на Законот за Влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK