Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на претседателските и парламентарните избори 2024 Џилиан Стирк.
На средбата Тошковски ја запозна Стирк со начинот на функционирање на Министерството за внатрешни работи во насока законито и професионално постапување во насока на организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес. Во тој контекст се заблагодари за поддршката во изготвувањето на Прирачниците за постапувањето на полицијата за време на избори, истакнувајќи дека истите се добра алатка која значително ќе го олесни овој процес.
На прашање на Стирк, министерот Тошковски информираше и за добрата меѓуинституционална соработка со останатите државни институции кои имаат законска улога во учеството на изборниот процес, нагласувајќи ја истата како плодна и непречена.