Тоа е конфликт меѓу двајца колеги кои се познаваат 20 години: Хамиди за вчерашниот напад

Тоа-е-конфликт-меѓу-двајца-колеги-кои-се-познаваат-20.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди не гледа проблем во одлуката на Владата да го разреши и вели дека е спремен веднаш да си даде оставка,  но позади него  него стојат многу позитивни работи и  да си замине од функцијата, ќе испадне лошо.


Во однос на вчерашниот упад во редарската соба и нападот на дел од вработените во Контролата на летање, Хамиди истакна дека се случил немил настан и тоа не смеело да се случи, но според него, тоа е конфликт меѓу двајца колеги кои се познаваат 20 години, заедно биле на школување и обука.

„Има набој на енергија. Лична конфротација. Лицата се вработени во М-НАВ и тоа е се што можам да кажам. Има камери и тоа ќе се утврди. Поради фактот дека повисоките органи се занимаваат со истрагата, во интерес на истрагата, не сакам да навлегувам понатаму, додаде тој.

Тој негира дека се видел со Беким Незири, кој ги внел другите напаѓачи во М-НАВ, иако двајцата се кадри на владејачката ДУИ.

Рече и дека цело време биле напаѓани од страна на претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски и истакна дека не излегувале пред медиумите да се пожалат, бидејќи, како што вели, имале покрупни работи со кои морале да се занимаваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK