Тасевски доби поддршка и од Делегацијата на ЕУ: На 10 јануари ќе го затвориме небото над Македонија ако не се постапи по нашите барања

Тасевски-доби-поддршка-и-од-Делегацијата-на-ЕУ-На-10.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Синдикатот на контролорите на летање Александар Тасевски денес на делегацијата на ЕУ во земјава и реферирал за вчерашниот упад во контролата на летање, но и за сите случувања во М-НАВ. По средбата со претставниците на ЕУ, Тасевски рече дека добил поддршка и од нив, уште еднаш ги повтори барања на Синдикатот и најави дека на 10 јануари ќе го затворат небото над Македонија доколку Владата не постапи како што најави оти повеќе ниту еден патник со авион кон и од Македонија не е безбеден.

„Повикани во канцеларијата на ЕУ бевме само поради вчерашниот напад на контролорот на летање. Очигледно дека и делегацијата на Европската унија во нашата земја и амбасадорите ревносно ги следат сите случувањана не само во контролата на летање туку и во другите институции. Беа премногу добро запознаени со тоа што се случува и со сите овие лица кои се инволвирани во сите овие настани. Ги разбраа нашите барања за професионализам и рекоа дека тоа се сосема нормални очекувања. Не треба да биде поинаку. Рекоа дека е не следат, ќе ни дадат поддршка, ни стојат на располагање. Жално е што ова веќе одекнува насекаде. Ние моравме да ги известиме преку нашите институции со кои соработуваме, сите синдикати во Европа. Ја известивме светската организација на контролори на летање, известени се меѓународните организации како Еуроконтрол. Ова веќе ги преминува границите на нашата држава, бидејќи е очигледно дека во рамки на оваа држава, во рамки на нашите институции, не ја добиваме целосната поддршка за она што треба да се направи за контролата на летање да биде професионална во рамки на некое европско ниво“, рече Тасевски и најави дека европските синдикати се организираат со посета на Македонија да им дадат поддршка.

Тасевски рече дека МВР постапило по нивното барање и од синоќа ја обезбедува нивната зграда оти немаат доверба во нивното обезбедување кое пропушти четири автомобили и овозможи упад во контролата на летање. Тие доцна синоќа освен обезбедување побараа и МВР веднаш да почне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, да ги открие и вработени и лицата кои не се вработени кај нив, а учествуваа во нападот. Ги повикуваа тројцата извршни директори во М-НАВ А.Д. Скопје, веднаш да дадат оставки од функциите, пред се од морални причини, поради ескалација на состојбата оти покажаа дека не можат успешно да раководат со амкедонската навигација ниту да ги заштитат своите вработени и самиот објект од упад на неовластени лица. Ги повикаа да не чекаат да бидат разрешени, како што доцна синоќа најави Владата.

Тасевски вели дека нивните следни  чекори зависат од Владата.

„Очекуваме дека ќе го исполнат она што го најавија преку медиумите, да ги разрешат, да постават соодветни кадри, да ја покренат постапката која ќе констатира дали има потенцијални криминали корупции , што и да е она што е противзаконски направено кај нас. Во случај тоа да не се реализира, решени сме од 10 јануари да го затвориме воздушниот простор над Македонија од причина што веќе не станува збор само за подобрување на работни услови, сега имаме битка која се води за обезбедување и гаранција на безбедноста на секој еден патник кој што патува со авион“, најави Тасевски.

Владата доцна синоќа најави дека на следната седница е го разреши целото раководство во М-НАВ и ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, Управата за финансиска полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќајот да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK