Тетово улица по улица ќе остане без струја поради опасноста од струен удар по силното невреме

tetovo-nevreme.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЕВН ќе ја исклучува струјата улица по улица и населба по населба во Тетово поради опасноста од струен удар по силното невреме што попладнево го зафати градот.


Претходно од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во целиот град.

Невремето беше проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.).

На 112 има повеќе од 200 пријави на штети. Има пријави и за штети на возила вклучително и на скршени ветеобрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје – Тетово особено во делот на општина Желино.

Штетите ќе се проценуваат дополнително.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK