Тендерот „Чебрен“ пропадна поради пропусти и немање капацитет ниту знаење од владата за капитални проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Тендерот-„Чебрен-пропадна-поради-пропусти-и-немање-капацитет-ниту-знаење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Уште пред еден месец лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отворено предупредуваше за пропусти во постапката за реализација на проектот „Чебрен“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Алармиравме дека Владата неколку пати ги менувала одлуките поврзани со изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, со што создаде сложена ситуација и потенцијално голем проблем во иднина.

Тогаш СДС тврдеше дека нападите се малициозни и невистинити. Месец дена подоцна проектот пропадна.
Прво Владата на Зоран Заев на 24 декември 2019 година донела одлука за отпочнување на постапката, во која се вели дека на компанијата што ќе ја добие оваа набавка ќе и биде отстапена и хидроцентралата „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне изградбата.

Почнува да се гради, три месеци потоа го добиваат „Тиквеш“, па потоа треба да изгради 400-киловолтна трафостаница „Мариово“ каде што ќе се поврзе хидроцентралата.

По кратко време власта ја презема техничката влада предводена од Оливер Спасовски, која носи нова одлука на 4 февруари 2020, со која се бришат сите овие обврски наведени во првичната одлука. А две недели подоцна е објавен и јавниот повик, и во него избришаните обврски повторно се појавуваат. Ситуацијата дополнително се комплицирала со тоа што во меѓувреме е објавен повикот за компаниите да учествуваат во пред квалификацијата, во кој се вели дека победничката компанија ќе ја добие ХЕЦ „Тиквеш“ три месеци откако ХЕЦ „Чебрен“ ќе почне со работа, односно ќе биде завршена градбата.

Тоа е голема разлика бидејќи ако од прилика таа градба трае шест години, а ХЕЦ „Тиквеш“ произведува отприлика 140-150 илјади мегават часови, пазарната цена е некаде околу 120 евра мегават час, но таа е пикова енергија и е уште поскапа, но еве да речеме 120 евра мегават час, помножено со 6 години ние добиваме сума од 100 милиони евра.

Во краток период биле донесени повеќе документи што не се поклопувале еден со друг, што предизвика проблем“, појаснуваат од опозициската партија.

Конфузијата, како што додаваат, продолжила и понатаму во постапката, па така на 14 септември минатата година сегашната влада ја избира групата „ППЦ-Архиродон“, односно грчкото електростопанство, како најповолен понудувач, повикувајќи се на одлуките пред три и пол години во кои ХЕЦ „Тиквеш“ еднаш се дава три месеци по почетокот на градбата, а вториот пат се брише.

Владата, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, во обид да си направи свој нов бонбона бизнис од 100 милиони евра дополнително се заплетка.

Затоа, според нив, поради овој криминал и неспособност, никогаш не се живеело полошо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK