Во Скопскиот кривичен суд е донесен таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од осомничените за убиството.
Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрага.
Телата на двете жртви 14-годишната Вања Ѓорчевски и на 74-годишниот Панче Жежовски се на обдукција во Судска медицина. Во текот на утрешниот ден се очекуваат ДНК-анализите по што се очекува да биде побаран и подолг притвор за четворицата осомничени.
Петтиот осомничен Љупчо Палевски – Палчо којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата се наоѓа во бегство. До овој момент МВР нема распишано меѓународна потерница, бидејќи предметот е се уште во предистражна постапка.