Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, на социјалните мрежи напиша дека за скандалот во клиниката за онкологија, Алијансата за Албанците алармирале уште во декември 2022 година. Но, никој не реагираше и тоа се сметаше за бескорисна реакција, напиша на социјалните мрежи Таравари.
„Не сакам да верувам дека е вистина, инаку белиот мантил станува црн, Хипократовата заклетва се претвора во активност на Менгеле, а веќе нема ни М од медицината.
Како доктор со дведецениско искуство, чувствувам срам, срам и гадење поради овие постапки кои изгледаат како настани од минатото и ги претворија зградите на надежта во логори на смртта“, додава Таравари.
Според него, најкомплицирана е штетната порака што се испраќа до новите генерации.
„Законот мора да биде безмилосен“, порачува лидерот на Алијансата за Албанците.