Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска одржа средба со репрезентативните синдикати за здравство, на која се реши повеќегодишното барање на синдикатите за урамнотежување на коефициентот за исплата на плати.
-Континуиран раст на платите и подобрување на статусот на здравствените работници, беше повод за денешната средба со репрезентативните синдикати на која ја афирмиравме одличната заедничка соработка.
Дијалогот вроди со плод и конечно после 10 години изнајдовме решение – коефициентот за исплата на плати ќе биде урамнотежен согласно нивните барања и во рамки на можностите. Со ова решаваме повеќегодишно барање на синдикатите за кое досега не беше изнајдено решение“, истакна Таравари на средбата.