Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците, пред почетокот на денешната лидерска средба кажа дека се надева дека институциите ќе функционираат и ќе се казнат што побрзо луѓето одговорни за двојното убиство.
Тој истакна дека позициите на партиите од Владата се синхронизирани и дека бараат широк консензус за одржување на претседателски и парламентарни избори заедно кон крајот на април или почеток на мај.
„За техничка влада требаше да се разговара пред една или две години“, одговори Таравари на новинарско прашање.
Во однос за членот на ДИК, Таравари кажа дека одлучува народот на избори.
„Алијанса за Албанците имаше 8 пратеници и имаше член во ДИК. Изет Меџити беше дел од ДУИ тогаш, партијата има член во ДИК, Билал Касами беше со СДСМ на иста листа, СДСМ има член во ДИК и Африм Гаши беше со нас и нашиот претставник е претставник на Алијансата во Државната изборна комисија. Ова е нашиот став ако се отвори ова прашање на лидерската средба“, рече Таравари.
Тој кажа дека засега остануваат во Влада.
„Нема да дозволиме да има дестабилизирање во Владата додека има шанси да се случат уставни промени“, додаде Таравари.