Таравари ја разреши директорката на Токсикологија Бесија Иљази, разрешени се и други директори

03082017173816_web_arben-taravari1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за здравство Арбен Таравари ја разреши од должноста в.д. економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази по најавите дека функцијата економски директор на клиниките ќе биде укината.

Покрај Иљази рзрешени се и неколкумина директори на другите клиники, потврди Таравари.

„Да точно е. Разрешени се, не осум туку девет економски директори. Не ги памтам сите, девет се, меѓу другото и Токсикологија. Денеска е назначен новиот директор на Токсикологија. Професорот Андон Чибишев ќе биде новиот директор на Токсикологија. Се надевам дека утре ќе назначиме и директор на Онкологија, бидејќи таму решението за в.д директорката е поминато кон средината на јуни, така што утре ќе назначам нов директор на Онкологија. На неврологија има нов директор, тоа е поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити“, истакна Таравари.

На прашањеето дали се утврдени неправилности во работата на Иљази, Таравари одговори: „Најверојатно да, службите го имаат тоа, секако дека ние одлучивме веднаш да се разреши и да се назначи нов директор. Нема да има веќе економски директори, тоа е целта“, потенцира новиот министер за здравство.

Најави дека многу скоро ќе предложи и нов закон за здравствена заштита во кој, како што рече, нема да има економски директори.

„ќе предвидиме да има само професионален еден директор. Се надевам што побргу да ги синхтонизирам систематизациите и да донесеме нова одлука за спојување на цел Клинички центар во иста установа. И исто така ова важи и за здравствените домови и за болниците во помалите градови каде има општа болница и здравствен дом, ќе бидат споени во една која ќе се вика општа болница, нема да има двајца-тројца директори туку само еден како што беше порано’, нагласи Таравари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK