Талат Џафери место да сработи нешто, три дена парадира низ државата, како патувачки циркус, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Талат-Џафери-место-да-сработи-нешто-три-дена-парадира-низ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Талат Џафери, откако стана премиер освен што парадира низ државата, како патувачки циркус, ништо нема сработено продуктивно. Главен е за пиење кафиња на плоштад, со службени возила и пречеци во Форино, додека и Македонците и Албанците немаат леб да јадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем и што може да се очекува повеќе од кадрите на ДУИ, кои освен крадење на народни пари, преку милионски тендери и не знаат за друго.

Сето ова го дозволи сервилниот Ковачевски, кој на поклон им ја даде државата на ДУИ, само за да протурка уште некој ден повеќе на власт. Граѓаните со право имаат чувство дека ја имаат изгубено државата“, се додава во реакцијата од оваа партија.

Тоа, како што истакнуваат, ќе се промени веднаш по преземањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, и Македонија ќе се врати повторно на народот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK