Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок одлучи актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, да биде човекот кој ќе ја преземе функцијата технички премиерот од 28 јануари до изборите.
Веста ја објави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил.
На состанокот истовремено, Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.