Светски ден на акредитацијата и 20 годишен јубилеј денеска организира Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИЗРСМ).
Како што најавија од ИЗРСМ, поздравни обраќања ќе имаат Размена Чекиќ-Дурловиќ, државен секретар во Министерството за економија и Михајло Евросимовски, претставник на Сојузот на стопанските комори на Македонија и член на Советот на ИАРСМ.
На тема „Инфраструктура на квалитет и оцена на сообразност“ ќе говори проф.-д-р. Давор Звиздиќ, претседател на хрватското здружение на лаборатории ,,КРОЛАБ” и претседател на ТК за квалитет при ЕУРАМЕT.
Најавено е и обраќање на Слободен Чокревски, директор на ИАРСМ, по што ќе следува доделување на сертификати за акредитација и плакети.