Судскиот совет на седница избра по тројца нови судии за Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје.
За нови судии во Граѓанскиот суд избрани се Ирена Митреска, Драгана Илиовска и Сања Томиќ-Велковски. Во Кривичниот суд доаѓаат Лилјана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митревски.
Членот на Комисијата за избор Миљазим Мустафа рече дека кандидатите биле рангирани врз основа на добиените бодови по завршување на целокупниот процес, како во Академијата за судии и извршеното интервју во Судски совет.