Судскиот совет гласаше: Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, останува на функцијата

Беса-Адеми-нема-да-оди-во-Судски-совет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судскиот совет со 7 гласа „за„ и 4 гласа „против“ одлучи претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, да не биде разрешена од функцијата.


Нејзино разрешување претходно побара членот на советот, Миљазим Мустафа.

Тој ја обвини Адеми дека не присуствувала на седниците на Советот во периодот од крајот на мај до почетокот на ноември минатата година, што според Мустафа било нејзина обврска како член на Судскиот совет по функција. За подносителот на иницијативата е спорно и тоа што Адеми не се одзвала на повикот на Судскиот совет да дојде на состанок на кој би се дискутирало за нејзините наводи изнесени во интервју.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK