Судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет, не може повторно да полага: Лога за судијката Манев

337507695_609312857743460_2199888737123568459_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Кренар Лога испрати писмен допис до Судскиот совет на Република Северна Македонија во кој се бара советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијата Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет.


Во мислењето на Институтот, како што информираат од Министерството за правда, наведено е дека Снежана Манев, кандидатка за Претседател на суд, била тестирана на 04.07.2023 година. Поради замор манифестиран во тестовна ситуација не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.07.2023 год.

Од ресорното министерство укажуваат дека со ваквото постапување се создава нова незаконита пракса за лице што веќе еднаш не го положила тестот да добие можност повторно да го полага истиот.

„Воедно, со ваквата постапка од субјективни причини се отвора прашањето, дали на судијата Манев и е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби“, се посочува во реакцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK