Столтенберг од Скопје: Го поздравувам договорот помеѓу Израел и Хамас

Столтенберг-од-Скопје-Го-поздравувам-договорот-помеѓу-Израел-и-Хамас.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Скопје го поздрави договорот за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел.


Овој договор, како што рече Столтенберг ќе придонесе за ослободување на дел од заложниците од двете страни, како и пристигнување на хуманитарната помош.

Пред почетокот на неформалниот состанок на лидерите на НАТО во Скопје, Столтенберг се заблагодари за посвестеноста и придонесот на Северна Македонија во Алијансата. Рече дека Северна Македонија манифестира успех на повеќе начини, меѓу кои и тоа што е мултиетничка држава, покажувајќи им на регионот и светот дека луѓето од различни националности можат да живеат заедно во мир.

На состанокот присуствуваат и лидерите од регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK