Столтенберг: Има причини за загриженост во БиХ и Косово, но не гледаме воена закана за регионот

Столтенберг-Има-причини-за-загриженост-во-БиХ-и-Косово-но.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионот е стратешки важен за НАТО, но има причини за загриженост, истакна генералниот секретар на алијансата, Јенс Стоилтенберг по завршувањето на неформалниот состанок на НАТО во Скопје.


Столтенберг како држави од регионот за кои постои загриженост ги посочи Босна и Херцеговина и Косово.

„Авторитарните држави како Русија го загрозуваат нашиот демократски капацитет со закани икибер закани. Важно е да се избере дијалогот во однос на конфликтот и војната. Последните предлози за заедницата на српските општини во Косово може да биде важен чекор напред. Време е да се надминат регионалните конфликти“, рече Столтенберг.

Сепак, Столтенберг е уверен дека во моментов не е видлива директна воена закана за регионот.

„ Гледаме зголемување на тензиите, особено во Косово. Има тензии што се јавуваат и во БиХ, но не гледаме директна воена закана. Загрижени сме, но истовремено сметам дека треба да се препознае силата на НАТО. Имаме сојузници кои се на овој состанок. Во Косово го зголемивме нашето присуство со околу 1.000 дополнителни трупи и со потешко вооружување и секако ние сме претпазливи и одблиску ја следиме ситуацијата. Тука повеќе сме за тоа како да се стабилизира нашето соседство. Затоа ми е корисно да седнам со сите лидери од регионот да ги споделам нашите проценки за да сфатиме како да напредуваме“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар заклучи дека Западен Балкан е важен за НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK