Стоилковски: Владејачките партии си изгласаа амнестија поради страв од изборите

Стоилковски-Владејачките-партии-си-изгласаа-амнестија-поради-страв-од-изборите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Плашејќи се од изборите и она што следи по изборите, СДС и ДУИ надвор од процедура изгласаа амнестија за себе и за бројните неказнети криминални скандали. Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција, запрашан за тоа како ја коментира изјавата на американскиот Стејт департмент дека корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија.


„Ова е само уште еден доказ за тоа што со денови го тврдиме, дека СДС и ДУИ или ДУИ и СДС вон процедура, надвор од логика, изгласаа амнестија за себе и за бројните неказнети криминали и коруптивни скандали, плашејќи се од изборите и она што ќе следи по изборите. Но, едно ќе ветиме, а тоа е дека одговорност ќе има за сите“, рече Стоилковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK