Уште колку имиња од семејства на власта се на списоците од грозоморниот криминал во Онкологија, кој му кажа на директорот на СДС да го исклучи системот и кој му издал лажни документи на директорот на ДУИ? Овие прашања ги постави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Директор на Онкологија го исклучува системот за контрола и следење, друг директор вади лажни документи за семејството за да го смести на Клиниката. И двајцата директори се многу блиски до врвот на партиите коишто ги назначиле! Вакви зафати и молкот за криминалот со години во Онкологија се невозможни без знаење и поддршка од власта“, рече Стоилковски.
ВМРО-ДПМНЕ ја опиша кражбата на лекови на онкологија како грозоморие коешто не доликува на здравство туку на логорите на смртта. И ова грозоморие, велат од партијата, минува неказнето со години иако за него се зборуваше и се пишуваше.