Стоилковски: Демири на СДС/ДУИ ниту чувствува, ниту бара одговорност, ниту пак има појма што се случува на Хирургија, одговорност ќе има

naum-stoilkovski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Десет дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДС/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно – не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече, Демири ниту побарал одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста. Едноставно, како што изјави,  открил дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија.

„Десет дена воздухот не бил компромитиран само имал лоша миризба, 10 дена нема операции, салите се затворени, а министерот излегува во јавност без трошка срам затоа што нема одговор. Чувствувањето на мирис, пријатен или непријатен, е субјективно чувство, а според Демири, анализите покажале некомпромитиран воздух, додека пак операции не се вршат 10 дена. А, по 10 дена нема одговор и не чувствувал вина ниту тој, ниту ннеговите директори, затоа како што вели кусо време бил министер? Ова почитувани е израз на самоволие, за кое што мора да има одговорност. Хирургија, Клинички, столбот на македонското здравство го рушат во темел, а Илир Демири нема појма што се случува. Но затоа, Илир Демири е доволно министер на СДС/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок“, изјави Стоилковски.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK