Врските на СДС со наркомафијата се многу подлабоки отколку што се обидува СДС да избега од одговори.Веројатно ќе бега и од одговор дали активистот на СДС од Радовиш, директор на меѓуопштински центар за социјални работи, пред 10 дена во Штип не е фатен и приведен од полиција за недозволена трговија со дрога и оружје?, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Според полициски билтен на 17 февруари полицијата во Штип го привела 36-годишниот А.Ф., заради дрога и најавува соодветен поднесок. Дали зад иницијалите А.Ф. е Александар Филев директорот од СДС на меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш? Дали е тоа Александар Филев од СДС Радовиш, учесник и поддржувач на партиските активности на СДС? Дали и случајот регистриран во полициски билтен е таква активност?“, прашува Стоилковски.
Како што додава, СДС ја претвори Македонија во мафијашка територија.
„СДС со Оливер Спасовски предолго ја ставаа полицијата во служба на мафијата, а Македонија ја претворија во поле за неказнети мафијашки пресметки. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме и да си ја вратиме државата“, завршува Стоилковски.