По повод две години од оддржувањето на локалните избори на кои граѓаните на општина Гази Баба му ја дадоа довербата на градоначалникот Бобан Стефковски, утрово на својата официјална страна на фејсбук тој објави видео обраќање до граѓаните.
Во обраќањето градоначалникот Стефковски упати благодарност до граѓаните на општина Гази Баба за дадената доверба на изборите во 2021 година и истакна дека во изминатите две години од мандатот во општината се реализирани 420 нови проекти.
Дополнително Стефковски информира дека повеќе од еден месец тим во општината работи на подготовка на отчет кој ќе се даде пред граѓаните за работата во изминатите две години.