Реакција на прес конференцијата на разрешената директорка на детската градинка Детска радост
Почитувани,
Со жалење сакаме да констатираме дека разрешената директорка на детската градинка Детска радост продолжува со манипулација на јавноста.
Постапката за разрешување на директорката ја водеше Управниот одбор на детската градинка согласно одредбите на член 125 од Законот за заштита на децата, а градоначалникот на општина Гази Баба согласно член 125 став 5 ја донесе одлуката за разрешување на директорката и истата е во согласност со Законот за заштита на децата.
Одлуката за разрешување на директорката е донесена на 20.04.2023 година и истата е доставена до архивата на градинката, а јавноста за донесената одлука беше инфомирана на прес конференција на 25.04.2023 година, што е уште еден доказ дека Петровска манипулира со јавноста со изјавата дека за разрешувањето информацијата ја добила од медиумите.
Ги повикуваме Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да се произнесат по доставената документација од страна на општина Гази Баба за сите постапувања надвор од Закон од страна на разрешената директорка, а се констатирани во ревизорски извештај на независна лиценцирана ревизорска куќа.