Стефан Богоев да каже како комбе со скапи телефони поминало царина и влегло во Македонија, бара ВМРО-ДПМНЕ

Bogoev-slika-15.08.2017.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







ВМРО-ДПМНЕ бара, Стефан Богоев да каже како комбе со скапи телефони поминало царина и влегло во Македонија, да не била реакцијата на МВР шверцот ќе бил успешен.

„Не еден, не два пакети, туку пакети со тежина од 1.200 килограми полни со скапи телефони се прошверцани преку македонската царина со која раководи потпретседателот на СДС, Стефан Богоев.

Според едноставни математики телефоните кои се прошверцани преку царината на Богоев можат да бидат во вредност од над половина милион евра.

Богоев да каже дали знаел за шверцот на телефони и кој го дозволил?“, прашуваат од оваа партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со право народот вели дека немаме држава, време е како што велат да се врати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK