ССНМ го поздравува почетокот на решавање на проблемот на вработените во МИА

ССНМ-го-поздравува-почетокот-на-решавање-на-проблемот-на-вработените.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници со одобрување ја дочека Одлуката на Владата на РМ за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во АД МИА, донесена од Управниот одбор на друштвото, но оценува дека ова е исполнување на само дел од барањата на вработените, велат од овој синдикат.


Со донесената одлука, според ССНМ, вредноста на бодот се зголемува од 68,6 на 81 денар и истата ќе се применува од септемвриската плата, но ова покачување соодветствува на само 18 проценти и не ги задоволува објективните барања на вработените зад кои застана и ССНМ. Тие потсетуваме изнесуваа 30 проценти на досегашните примања.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека со ова покачување само делумно се анулира повеќегодишниот застој во зголемувањето на платите во МИА, и дека истите во просек и натаму се далеку од просекот на државно ниво.

ССНМ и натаму, и безрезервно, ќе ги поддржува вработените до целосно исполнување нивните барања од летово, кои беа артикулирани и со повеќедневни протести кои не го попречија работењето на Медиумската информативна агенција. Потсетуваат дека се бара и изедначување според индексот на трошоците на живот, и зголемување од 10 проценти на основната бруто плата според општиот колективен договор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK