ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ: Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата воведува работно време како пред 137 години со кое овозможува работниците нечовечки да бидат експлоатирани во траење од 72 часа во текот на една недела што е преседан и во светски размери и директен атак врз здравјето и безбедноста на работниците, порачаа од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), како и Унијата на независни синдикални и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) во заедничко соопштение осудувајќи ја одлуката на Владата предлог измените за коридорите 8 и 10д да се носат со европско знаменце.

Синдикатите истакнуваат дека ова е најцрниот ден за работниците во државава и најавуваат дека жестоко ќе го бранат правото на 40 часовна работна недела.


-ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ како најголеми синдикални централи во Македонија, кои заеднички здружуваат повеќе од 150.000 работници во Македонија, најостро ги осудуваат одлуките на Владата, по итна постапка и со европско знаменце да воведат неевропски вредности во Македонија, без расправа и согласност на социјалните партнери. Со оваа одлука Владата не води грижа за животот и здравјето на работниците туку единствено ги гледа своите интереси и интересите на нејзините стратешки партнери, жртвувајќи ги работниците и нивните семејства.

Осуда за ваквите ставови и намери на Владата, стои во соопштението, беа доставени и од Европската конфедерација на синдикатите – ЕТУК, Светската конфедерација на синдикатите – ИТУК, Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија и Светската организација за градежништво кои имаат повеќе од 300 милиони членови кои рамо до рамо застануваат со синдикатите од Македонија.

-Синдикатите ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ ќе ги преземат сите чекори да ги заштитат работниците и работничките права и жестоко ќе го бранат правото на 40 часовна работна недела, 8 часа работен ден, 8 часа одмор и 8 часа време со семејството и рекреација!. Функционери претеравте, работници обединете се!, стои во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK