Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“, напиша Мицкоски во описот на фотографијата.
Јанулоска одлежува затворска казна во Идризово за предметот „Тенк“, а во моментот го користи вториот дел од годишниот одмор.
Средбата се случува во момент кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски влезе во „Фејсбук војна“ со експремиерот, Никола Груевски, кој своевремено важеше за близок со Јанкулоска.