Средба Османи – Конаковиќ

BH1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.



Соговорниците го поздравија постигнатиот консензус за новиот Генерален секретар на РСС, Амер Капетановиќ, што претставува значаен успех на нашето претседавање со ПСЈИЕ.

Во фокусот на разговорите беше билатералната соработка, подготвеноста за унапредување на регионалната соработка со цел справување со предизвиците за регионална безбедност и европската интеграција на Западен Балкан, нагласувајќи дека напредокот во овој процес е од круцијално значење за стабилноста и просперитетот на земјите од регионот.

Воедно, стана збор и за усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница од страна на Генералното собрание на ОН и прогласувањето на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година. Османи потенцираше дека Република Северна Македонија одлучи не само да ја поддржи, туку и да ја коспонзорира резолуцијата на Обединетите Нации за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, бидејќи осуда на геноцид е универзална човекова должност и тоа не е поврзана со било која припадност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK