Средба Османи – Ескобар во Њујорк: Американска поддршка за европската агенда на Северна Македонија

Средба-Османи-–-Ескобар-во-Њујорк-Американска-поддршка-за-европската.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк.

Во центарот на разговорите беа актуелните политички случувања во земјава и регионот, како и потребата од забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што претстсвува значајно безбедносно прашање.

Во тој контекст, Османи се заблагодари за континуираната и недвосмислена американска поддршка на нашиот пат кон ЕУ, како и за поддршката за спроведувањето на реформите во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата стана збор и за заложбите за зајакнување на билатералните односи и надградба на соработката во рамки на Стратешкиот дијалог.

„Активностите во рамки на стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД се одвиваат со предвидената динамика и веќе се видливи резултатите од нивната реализација. Билатералните односи се издигнати на повисоко ниво, стратешкото партнерство е зајакнато, а воедно нотиран е и напредок во домашната реформска агенда и демократскиот развој.”

Соговрниците ја реафирмираа поддршката за Украина во справувањето со предизвиците од руската воена агресија, притоа нагласувајќи го силното сојузништво во рамки на НАТО Алијансата. Воедно, беа поздравени нашите претседавања со ОБСЕ, САД – Јадранската Повелба и Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што е показател за значајната улогата на Северна Македонија на меѓународната сцена, особено во контекст на глобалните безбедносни предизвици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK