112 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола

bitola-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, извести МВР.

– На територија на СВР Битола санкционирани се 112 возачи, меѓу кои 35 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 1 возач за управување под дејство на алкохол, 22 санкции за непрописно престигнување, 16 санкции за непрописно паркирање. Изречени се четири санкции за користење на мобилен телефон при возење…, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK