Средба Лога-Ал Самани во Саудиска Арабија

5-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По неполни шест месеци од потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија, министерот за правда Кренар Лога беше поканет од страна на неговиот колега, министерот за правда Валид Мухамед Ал Самани, на работен состанок. Во рамките на посетата, министерот Лога кој беше придружуван од преставници од неколку институции од РСМ оствари посети на неколку институции со цел да се запознае доблиску со правосудниот систем на Саудиска Арабија.


На состанокот, министерот Лога го запозна својот колега со сите активности кои ги презема во рамките на својот ресор, а се со цел успешно реформирање на правосудниот систем преку формираните работни групи и тела, како и неодамна донесената Стратегија за правосудство, согласно која ќе се одвива реформскиот процес.

Кралството Саудиска Арабија има една од најдобрите развиени дигитализации во светот, што се докажува со одржување на повеќе од н 90% онлајн судења .Токму поради ова ,министерот Лога потенцира дека е од особена важност за РСМ, како земја кандидат за членка во ЕУ, соработката првично да се насочи во експертска и техничка поддршка за успешно дигитализирање на правосудството.

Заеднички ги дискутираа, сличностите и разликите во двата правосудни системи, со цел преку размена на искуства да се придонесе до успешна примена во пракса.

Со посебно внимание, министерот Валет, го следеше излагањето на својот колега и вети несебична помош и поддршка со испраќање на најдобриот тим во РСМ со цел да се запознае со работата на ИКТ Советот при МПсо што и директно ќе им се сподели експертска помош, креирање и имплементирање на нов софтверски систем со цел успешно владеење на правото.

На крајот од средбата двајцата министри си ветија дека фокусот ке биде насочен во успешно имплементирање на договорените активности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK