Средба Костадиновски-Георгиевски: Ќе се унапредува соработката на Уставен суд со Правниот факултет „Јустинијан Први”

Sredba-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први”, Сашо Георгиевски.

На средбата се дискутираше за можностите за унапредување на соработката помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет.

Костадиновски го информираше Георгиевски за приоритетите во својот мандат, меѓу кои највисоко на агендата е интензивирање на соработката и интеракцијата меѓу Уставниот суд и науката.

Во рамки на предвидените активности, по повод 60-годишниот јубилеј кој го прославува Уставниот суд оваа година, предвиден е Меморандум за соработка со Правниот факултет.

Предлог-текстот на Меморандумот беше во фокусот на средбата и се очекува во најскоро време да биде потпишан.

„Изразувам искрено задоволство за Вашата подготвеност за соработка, лично сметам дека ставот и позициите на науката по важни општествени и особено релевантни теми за уставното судство се од исклучително значење и не случајно еден од врвните приоритети за мене е поголема присутност на науката, не само теоретски во стратегиите туку и во секојдневните активности, согласно надлежностите на Судот”, потенцираше Костадиновски.

Георгиевски ја поздрави подготвеноста и позитивниот пристап за воспоставување поинтензивна соработка помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” и изрази очекување дека двете институции преку Меморандумот ќе имаат заемна корист.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK