Спиро Ристовски неосновано бил држен во притвор за 27 април, пресуди судот во Стразбур

Спиро-Ристовски-неосновано-бил-држен-во-притвор-за-27-април.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европскиот суд за човекови права пресуди дека ексминистерот Спиро Ристовски, обвинет во предметот „Организатори на 27-ми април“ бил неосновано држен во притвор.


Со тоа, државата ќе мора на Ристовски да му плати оштета од 750 евра и 1500 евра судски трошоци.

Европскиот суд во пресудата вели дека немало конкретен доказ Ристовски може да побегне.

„Судовите не покажаа постоење на ниту еден конкретен факт во прилог на нивните заклучоци дека постоел ризик од бегство“, стои во пресудата на ЕСЧП.

Се наведува дека од 30 јули 2019 година до 21 август 2020 година на Спиро Ристовски 14 пати му бил продолжен куќниот притвор, поради ризикот од негово бегство.

Покрај Ристовски, пресуда за неоправдано продолжување на притворот има и за Митко Пешов – раководителот на одделот за посебни единици во полицијата, кој беше осуден со казна затвор од 15 години за настаните на 27 април.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK