Спасовски: За 50 проценти намалени обиди за илегален премин на јужната граница

Спасовски-За-50-проценти-намалени-обиди-за-илегален-премин-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска во Кавадарци, во седиштето на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, министерот за внатрешни работи заедно со дел од раководстово на МВР оствари средба со раководството на оваа организациона единица, а во рамки на традиционалните средби кон крајот на секоја тековна година, за да се сумираат резултатите од сработеното, но и да се изврши преглед со цел утврдување на приоритетите за идната година. Регионалниот центар за гранични работи Југ, кој е домаќин на денешната средба, активно работи во делот на справување со илегалната миграција и криумчарењето мигранти, на спречување и санкционирање на прекуграничен криминал, вклучувајќи го криминалот со моторни возила и фалсификување документи, но и по неколку актуелни и активни оперативни акции.

„Генерално, овој Регионален центар годинава бележи зголемување од 43% на откриените кривични дела, постапувајќи по 25 различни основи од Кривичниот законик. Најзначајното зголемување е кај кривичните дела фалсификување исправи, и тоа за 114%, давање поткуп за 300%‚ потоа кражба, давање на лажни докази и сл. Што се однесува до прекуграничниот криминал, кој во најголем дел е откриен на ГП Дојран, ГП Богордица и ПС Михајлово, откриените фалсификувани документи бележат зголемување од 39%, за 20 пати е евидентирано зголемување на откриениот криминал со моторни возила, додека за 8 пати на откриениот криминал со цигари”, истакна Спасовски во изјава за медиумите по реализираната средба. Притоа, тој ги сподели податоците за кои беше брифиран од раковдството на оваа организациона единица, а кои се однесуваат на протокот на патници на јужната граница и обидите за илегален премин на истата.

„Во однос на обидите за илегални преминувања, иако најголемиот притисок години наназад е токму на границата на Република Северна Македонија со Република Грција, годинава имаме за 50% намалување на бројот на обидите за илегално преминување на границата, односно отворање на нови рути во соседните држави. Тоа се должи на зајакнатите мерки и поефикасната контрола како на самата гранична линија, така и преку работењето на пунктови во внатрешноста и, секако, вклученоста на припадниците на Фронтекс. Бројот на откриени случаи на криумчарење на мигранти е сличен со минатата година, но ако го земеме предвид фактот дека бројот на мигранти во 2023 е намален за половина од лани, тоа говори за поголема ефикасност при откривањето на овие кривични дела во 2023 година. Во оваа прилика не можам, а да не го споменам зголемувањето на протокот на патници во однос на минатата година, и тоа за 25%, односно јужната граница во овие 11 месеци ја поминале речиси 5,8 милиони патници, а најфреквентен е ГП Богородица, каде зголемувањето изнесува цели 30%. Во однос на другите активности по споменатите оперативни акции, РЦ Југ бележи зголемување за 110% на откриениот криминал со огревни дрва, а за 6 пати се зголемени откриените случаи на шверц со наркотици”, рече Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK