Спасовски со апел до граѓаните – за празничниот период без петарди и без употреба на алкохол при учество во сообраќајот

Спасовски-со-апел-до-граѓаните-–-за-празничниот-период-без.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на посетата на Кавадарци во изјава за медиумите упати апел до граѓаните за претстојниот празничен период.

„Сакам да упатам апел до граѓаните, бидејќи се наоѓаме во период на празнувања, на поголема фреквенција, за две работи: прво, повикувам да не користиме пиротехнички средства и ова е еден од главните приоритети на раководствата на секторите за внатрешни работи, во заплена на пиротехника и најстрого казнување за сите оние коишто тоа ќе го прават, заради тоа што користењето на пиротехниката прво е ризик за тој кој ја користи, меѓутоа ризик и за околината. Така да, има многу убави начини како да се израдуваме и да прославиме за празниците, а притоа да не користиме пиротехника. Второ, во однос на сообраќајот, исто така, знаеме дека ова е период во којшто сите ние се опуштаме малку повеќе од тоа што треба, а посебно ова важи за оние коишто ги управуваат моторните возила, да се внимава во користењето на алкохол, односно да не се вози никако под дејство на алкохол и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи”, апелираше министерот Спасовски.

Според него на тој начин ќе бидеме побезбедни сите ние и многу поубави празници ќе имаме доколку безбедноста е на едно повисоко ниво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK