„Спасовски во обид да се спаси, дополнително се негира и се понижува пред цела јавност“, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на социјалните мрежи.
„Откако пред 10 дена тврдеше дека не го барале возилото на велешанецот Панче на системот „Безбеден град“ затоа што не знаеле дека е исчезнато и возилото, вчера вечер призна дека знаеле И за возилото но за кое внимавајте, немало пријава дека било украдено, туку дека не било ТУКА (!?), односно се претпоставува дека исчезнатиот, а подоцна и убиениот Панче – заминал со него. (!?!?)
Прво, излажа дека не знаеле за возилото и Второ, откако призна дека возилото не било ТУКА, туку дека заминало со исчезнатиот, зошто не е барано со централна објава? Кога лажеше Спасовски?“, се додава во објавата на Ковачки.