„Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа продолжуваат да се убиваат меѓу себе“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Спасовски-е-неспособен-и-систем-за-вадење-на-лични-документи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа продолжуваат да се убиваат меѓу себе. Спасовски, Ковачевски, Пендаровски беа први на сликите со криминалците кои во последата година се ликвидираат меѓу себе“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски.

„И оваа ликвидација води кон СДС. Застреланиот бил пронајден од братот полицаец чие име се спомнува во структурата на фирмата која продава јаглен на ЕСМ и РЕК Битола. А кавна тајна е дека ЕСМ и РЕК се златните рудници каде црпи пари врвот на СДС и ДУИ.

Коалицијата на СДС со криминалот продолжува и ќе биде тука се со конечниот пад на оваа власт на 8 ми мај.

Сега ги гледаме последиците од 7 години коалиција на СДС со мафијата.

Пукањето по улиците и убиствата засекогаш ќе останат симбол на времето додека СДС ја водеше државата. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK