Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите, а во врска со случајот со Клиника за онкологија, и за најавениот протест, потенцираше дека граѓанскиот протест е демократско и неприкосновено право на граѓаните. Притоа, тој рече:
„Граѓанскиот протест е најголемо демократско и неприкосновено право кое го имаат граѓаните. Прво, сакам да изразам убеденост во грижата на граѓаните, заради тоа што сите ние сме прво граѓани, па се друго и сме сериозно загрижени, посебно за случувања кои имаат директно влијание врз човечките животи. Од тој аспект сметам дека сосема оправдана е грижата на секој еден граѓанин на државата, наше е да обезбедиме и да гарантираме дека постапката ќе заврши до крај, било кој се огрешил да мора да носи одговорност, таа да биде брза и ефикасна и на тој начин да помогне вакви случувања да немаме во иднина”, истакна министерот Спасовски.