Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати честитка по повод Божик – Рождество Христово
„Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник Божик – Рождество Христово, со желби за добро здравје и просперитет.
Во овие свети денови, кога православниот свет го прославува раѓањето на спасителот Исус Христос, се потсетуваме на неизмерната љубов која нè учи на разбирање, сочувство, толеранција. Тој ни донесе порака за мир, учејќи нè на важноста на безусловната поддршка.
Божик е време на нови почетоци, на победата на светлината над темнината и на верата која нè води низ предизвиците на животот. Нека Христовото раѓање ги просветли нашите умови и души, охрабрувајќи нè да градиме европско општество на мир и соживот.
Со топлина во срцето и благодарност во мислите, ви посакувам убави Божикни празници, исполнети со радост, мир и хармонија“, се вели во честитката на Спасовски.