Претседателот на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски преку социјалните мрежи го осуди, како што вели вандалскиот упад во манастирот Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на Македонската православна црква- Охридска архиепископија.
Тој апелираше до СВР Тетово и Јавното обвинителство веднаш да преземат сеопфатни мерки за откривање на сторителите.
„Елементите на кривичното дело од чл.319 на Кривичниот законик, Предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга основа, како и кривичното дело од чл.145 на Кривичниот законик, Неповредливост на домот, мора да повлечат одговорност. Сторителите мора да бидат најстрого санкционирани. Вакво поведение е недозволиво и ги подрива сите напори за градење здрави општествени односи во нашето кревко плурално општество“, додава Сотировски.