Облачно со услови за дожд и снег

dozd-bul.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најниската минимална температура утрово била измерена во Берово од -7 степени, -5 степени се измерени на Попова Шапка, -4 во Крива Паланка, Битола, -3 во Прилеп, -2 Лазарополе, Крушево, Струмица, -1 во Тетово, Маврови Анови, Виница, 0 степени во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, 1 степен во Штип, Дојран, 2 во Демир Капија, Куманово, Велес, 3 во Претор и Дебар.







Времето денеска ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен по должината на Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK