Сообраќајот во зимски услови со слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Сообраќајот-во-зимски-услови-на-одредени-патни-правци-забрана-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато. Сите патни правци во државата се проодни, информира АМСМ.

Оттаму нагласуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци.

Од АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK