Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, снег со послаб интензитет на Попова Шапка

Сообраќајот-во-зимски-услови-на-одредени-патни-правци-забрана-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

АМСМ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK