Сончево и многу топло време, максималната температура ќе достигне до 41 степен

sonce_zesko_toplo_242343232
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. UV=9







Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK