Дел од неколку скопски општини без струја и вода

struja-voda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа  без напојување со електрична енергија ќе останат:







• од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев, крак – 15 (Опш.Кисела Вода);
• од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од ул. Партение Зографски, дел од ул. Востаничка, ул. Димитар Беровски и дел од ул. Црниче (Опш. Кисела Вода);
• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Народни Херои (Опш.Кисела Вода);
• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Дамаска (Опш. Карпош);
• од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од с. Бардовци во близина на училиштето (Опш. Карпош);
• од 13:30 до 15:00 часот, корисниците од дел ул. Џумајска (Опш. Карпош).

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  ги известува граѓаните дека:

• Поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф80мм на ул.Александар Бујнов бр.8 во населба Бутел, од 07:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Александар Бујнов, Душко Поповиќ, Пребондова, Томе Пуре и дел од ул. Петар Манџуков. (Општина Бутел)

• Поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100мм на ул.Ташко Караџа бр. 12 во населба Автокоманда, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Ташко Караџа, Трифун Хаџи Јанев, Христо Ботев и Бапчор. (Општина Гази Баба)
• Поради отстранување дефект во шахта на вентил од Ф-6/4цола, на ул. Манапо бр. 5, од 08:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Манапо, Струма, Пелистерска, Огражден и Радика. (Општина Карпош)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK